Дали е можно древните култури да имале меѓусебен контакт пред повеќе од илјада години? Според илјадниците подземни тунели кои се протегаат од Северна Шкотска кон Медитераност, одговорот е големо ДА.
Додека причината која стои зад овие софистицинарни тунели е сеуште мистарија, многу експерти веруваат дека оваа мрежа која е стара над 12 илјади години е изградена како заштита од предаторите и друг тип на опасности.
Некои експерти ги поврзуваат дека истите се користени како денешните автопатишта и овозможувале преминување на луѓето помеѓу меѓусебно поодалечени места ширум Европа.
Во книгата „Тајните на подземните врата кон древниот свет“, германскиот археолог др. Хајнрих Куш наведува дека докази за големи подземни тунели пронајдени испод неколку десетици неолитиски населби ширум европскиот континент. Овие огромни тунели често се нарекувани и древни автопати.
Според др. Куш, фактот дека многу од овие тунели постојат и денес, по 12.000 години укажува на тоа дека биле комплекси и навистина големи.
Ширум Европа имало илјадници. Во Германија откривме стотици подземни тунели, а во Австија неколку стотици. Овие подземни тунели можат да се најдат во цела Европа и постојат уште илјадници слични на нив – наведува германскиот археолог.
И додека некои од тунелите се реалитвно мали, некои одат и преку метар во широчина, а постојат и други тунели кои се пронајдени во подземните комори и складишта.
Фактот што овие тунели се пронајдени указува на неверојатните древни генијалности кои се се, освен она што денес учевниците по историја ни го говорат. Древното човештво имало знаење и средства ад изгради сложени структури пред повеќе од 10 илјади години.
Доказ за тоа се и пирамидите од Босна и Херцеговина во Европа и нивните подземни неверојатни тунели кои се протегаат со километри.
Ширум Европа имало илјадници вакви тунели – од северот на Шкотска до Медитеранот. Тие ги менувале своите улоги, на некои места има и повеќе, а на некои помалку. Не се поврзуваат сите меѓусебно, но ако се земе во предвид се заедно, тоа е една огромна подземна мрежа – наведува др. Куш.
Кападокија во Турција е уште еден неверојатен пример. Подземниот град Деринкују е уште еден доказ кој укажува на совршенство како и одамна изгубените методи на градење на нашите предци.
Подземниот град Деринкују можеби е едно од најголемите достигнувања во подземното градежништво со огромна мрежа на тунели.
Геолошките карактеристики на каменот од Деринкују е нешто многу важно, тој е мек. Така древните градежници морале да бидат претпазливи кога ги ѕидале овие подземни простории за да пружат доволно сила кои ќе ги издржат столбовите над подовите, ако тоа не било постигнато, градот веројатно ќе пропаднел, но се до сега археолозите не пронашле никакви докази за рушеве во Деринкују.
Втор древен споменик, каок што е Гобекли Тепе се уште докази кои укажуваат на неверојатните вештини и знаење кои го имале луѓето ои ја населувале нашата планета пред повеќе од 10.000 години.
Според др. Куш, капелите често се градени на влезовите на подземните тунели, затоа што црквата стравувала за наследството и она што тунелите можеби претставуваат, а како и многу други работи, црквата сакала да се увери истите да останат тајни.
Во некои од тунелите откриени ес записи кои се однесуваат на овие подземни премини како влезови во подземјето.