Турчин осомничен за нападот во Утрехт


Главен осомничен за нападот во Утрехт е 37-годишниот Турчин, Ѓукман Танис, но не е исклучена можноста дека пукале неколку лица, соопшти холандската полиција.
Полицијата исто така соопшти дека најверојатно станува збор за терористички напад.

Напаѓачот се уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Неколку часа по пукањето во трамвајот, при што загинаа три лица, а неколкумина се повредени, во Утрехт се слушнаа истрели на повеќе локации, како и во близина на џамијата.

Поради нападот во Утрехт затворени се муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1