На автопатот Велес-Скопје во село Ржаничино вчера околу 3 часот во автобус „Неоплан“ со српска национална ознака, сопственост на „Аргус Турс“-Белград, при движење бил нарушен јавниот ред и мир од страна на М.Б. (21) од Србија.
Тој без повод и причина физички го нападнал Ѓ.Г. (40) од Србија, водич на туристичка група, при што му нанел видливи повреди во пределот на лицето. М. Б. со возило на Итна медицинска помош и со асистенција на АЛФА единицата бил пренесен и задржан во Ургентен центар „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, бидејќи бил агресивен и психички растроен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.