Неколку холандски државјани синоќа околу 3 часот по полноќ на плоштадот „Свети Климент Охридски“ од јарбол го симнале и оштетиле државното знаме на РМ.
Информациите од полицијата говорат дека по пријавата излегле на лице место каде биле пронајдени пет холандски државјани.
Истите се повикани на разговор во полициска станица и во тек се мерки за расчистување на случајот.