Туристи заглавени во Маврово – снемува храна за деца


Високиот снег ги отсече и селата Никифорови и Леуново, тврдат туристи кои се заглавени во викендички, јави Телма.

– Ние сме во викендичка, три семејства, едно повозрасно лице од над 30 години е болно, има температура. Тука бевме на 3 дена, немаме ни храна веќе, а имаме 4 мали деца. Сега ни снема и вода, синоќа 5-6 часа немаше струја. Значи, во паника сме не знам што да ви кажам-изјавил турист во телефонски разговор за телевизијата.sneg-bg-3-640x426

Тој се наоѓа во селото Никифорово, а помош барале и од „Македонија пат“ да ги расчисти приодните патишта до регионалниот пат за да може да се извлечат.

– Се јавив во претставништвото на „Македонија пат“ во Маврови анови. Ни велат дека чекаат машина да дојде од Скопје. Ниту тие знаеја кога ќе дојде и дали воопшто ќе дојде таа машина – изјавил туристот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1