Заменикот на тужителството во Сплит по испитувањето на 25-годишниот државјанин на Велика Британија донел решение за спроведување на истрага поради постоење на основен сомнеж дека извршил кривично дело – силување.
Во образложнието на тужителството стои дека осомничениот силувал 21-годишна државјанка на Австралија. Британецот и девојката се запознале на Хвар на 21 јуни оваа година, а тој како што се наведува, во периодот од 5 до 5.40 часот наутро, против нејзина волја го направил наведеното казнено дело.
Привремено му е одземен пасошот, и одредена е мерка на претпазливост, односно задолжително редовно јавување на надлежно лице на сплитско-далматинската полициска управа.
Момчето негирало дека ја силувало девојката.