Туризмот во Турција пред колапс- Празни улици, никој нема


Туристите масовно ги откажуваат аранжманите поради честите напади во Турција.

Туристичкиот сектор во Турција има огромни загуби по нападот на аеродромот во Истанбул. Аналитичарите велат дека овој бизнис ќе се обновува со години.turcija

„Допрва ќе ги проценуваме загубите. По атентатот веќе имаме и први откажани патувања “- коментира Мохамед Ѓунај, кој е управител на хотел во Турција.

Истанбул е еден од најпогодените градови во земјата, а централниот плоштад кој обично е преполн сега е празен.

„Празни улици, никој нема”- коментира Хајрие Акман, која е сопственик на туроператорска компанија.

Според истражувањата туристите се 35% помалку во споредба со минатата година. Се пресметува дека до крајот на 2016 година земјата ќе загуби вкупно околу 15.000 туристи, или околу 12 милијарди долари приход од туризам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1