Турската државна авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ отпушти над сто вработени, меѓу кои и членови на управата, во рамките на справувањето со приврзаниците на обидот за воен удар.
Смените во „Туркиш Ерлајнс“ беа извршени синоќа откако беше утврдено дека дел од вработените биле поврзани со проповедникот Фетулах Ѓулен, објавија турските медиуми.
Претставник на „Туркиш Ерлајнс“ одби да ги коментира медиумски наводи.
Во одредени турски медиуми се наведува дека смените во турската авиокомпанија се поради „неефикасноста“.