Турската полиција уби две вооружени жени кои претходно денеска отворија оган врз полициската станица во истанбулскиот кварт Бајрампаша, пренесува „Хуриет дејли њуз“.
Според првичните информации, двете жени пристигнале на местото со такси, фрлиле неколку рачно направени бомби и отвориле оган кон полициската станица, а потоа избегале по улиците што се во близина.
Полицијата го опколила регионот и ги блокирала сите улици, со цел да ги фати напаѓачите. Еден полицаец е повреден во нападот .