Македонската полиција уапсила познат турски криминалец кој се барал со потерница на Интерпол, дознава порталот Press24 од полициски извори.
Според нашите информации тој бил пиведен со фалсификувани документи заедно со својот син. Интерпол го сомничи за формирање криминално здружение кое се занимавало со шверц на наркотици. При апсењето кај нео е пронајдена поголема количина злато.
Од МВР официјално ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали.