„Зад себе видов бел автомобил, преминуваше лево-десно. Преминав во левата колона за да им го ослободам патот. Тогаш дојде до кобниот судир“. Ова е дел изјавата на турскиот возач кој ја предизвика кобната сообраќајна несреќа во која загинаа четири млади лица, а едно се бори за живот.
56-годишниот Ер Ислам на сослушувањето изјави дека му е жал за се што се случи, но тврдеше дека тој не е виновен.
-Јас сум искусен возач. Добро ги познавам патиштата и прописите. Таа ноќ возев со брзина од 65 до 70 километри на час. Видов зад себе автомобил со бела боја кој одеше наваму-натаму, лево-десно. Преминав во левата колона за да им го ослободам патот. Тогаш дојде до кобниот судир, раскажа тој.
Кога излегол од камионот затекнал страшна глетка.
-Една девојка испадна од автомобилот, даваше знаци на живот па јас ја покрив со кебе. Останатите беа внатре во автомобилот. Колку што видов, никој од нив не беше врзан со појас, истакна возачот кој детално објасни дека несреќата се случила десет минути откако тој тргнал од одмор.
Тој го замоли судот да го пушти од притвор бидејќи е од муслиманска вероисповед и не може да ја јаде храната во Србија.
Сепак, одреден му е 30-дневен притвор.