Турската армија во средата објави аудио снимка за која тврди дека е снимка од предупредувањето на рускиот бомбардер пред да го собори на сириско-турската граница.
„Овде е турското воено воздухопловство. Му се приближувате на рускиот воздушен простор. Веднаш свртете на југ“, може да се чуе на англиски јазик на една од снимките. Пораката е повторена повеќе пати. Но од тоа не може да се извлече заклучокот дека рускиот „Су-24“ навлегол во турскиот воздушен простор. Турската армија тврди дека за пет минути издала десет предупредувања.
Москва, пак, во средата одговори со презентирање на радарските снимки, а сириската противвоздушна одбрана тврди дека во вторникот регистрирала нарушување на нејзиниот воздушен простор во областа на границата со Турција.
Претходно руската телевизија емитуваше разговор со навигаторот на соборениот руски авион, капетанот Константин Мурахтин, кој го преживеа уривањето, и кој тврди дека не добиле никакво предупредување, ниту имал какво и да е контакт, дури ни визуелен, со турски авион. Ветувајќи дека „ќе им го врати долгот на убијците“ на пилотот – командантот, потполковникот Олег Пешков, Мурахтин тврдеше дека во ниеден момент во одлични временски услови не биле близу турската граница, бидејќи по бројни мисии во таа област, одлично го познавал теренот, како и дека ракетата дошла во опашката.
Рускиот бомбардер „Су-24М“ во вторникот утрото беше соборен од турски лови „F-16“. Анкара тврди дека рускиот авион навлегол во турскиот воздушен простор, додека Москва го нарече овој чин „смислена провокација“ во позла на терористичката организација извршена над територијата на Сирија.