ТВ НОВА прославува една година постоење


Телевизија Нова денеска одбележува точно една година од отворањето, односно 365 дена во етерот – период во кој 27-те репортери, 13-те сниматели за на терен и дописната мрежа која покрива 30 места во државата, во просек направија по 30 живи јавувања во еден ден, подготвија во просек по околу 78 прилога на ден, односно вкупно нешто повеќе од 28 илјади прилога, а на нивната интернет страница дневно има меѓу 70 и 110 објави. Телевизијата известуваше и од 40 дестинации низ Европа и светот.tv-nova-640x363

-Ова ни дозволува да кажеме дека се изградивме во препознатлив медиум кој секогаш навремено, сигурно, брзо и во живо ви ја претстави надворешната слика. Телевизија Нова е медиум кој 16 часа продуцира програма во живо, стасавме до секое населено место и во живо ја пренесуваме информацијата. Поминавме убави мигови но и поплави, земјотреси, избори. Но не само кај нас, бевме и на сите светски случувања од терористички напади, канонизација на Мајка Тереза во Ватикан до инаугурацијата на новиот американски претседател, велат од телевизијата.

-Во убавите мигови, но и во кризните моменти кои ги преживеавме изминатата година, покажавме дека токму ние, тимот на Телевизија Нова треба да биде вашиот медиа навигатор, додаваат од ТВ Нова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1