„Тврдокорни“ денеска ќе протестираат за одбрана на името „Македонија“


Денеска патриотското здружение „Тврдокорни“ и „Македонски Обединети Сили“ на социјалната мржа „Фејсбук“ најавија протест пред Соборниот храм за одбрана на името „Македонија“. Протестот е највено дека ќе почне во 17.30 часот. Поворката ќе се движи кон ЕУ Инфо центарот, а ќе заврши пред Парламентот. Приближно 1000 корисници на „Фесјбук“ кликнале дека ќе одат на протестот.

Во објавата пишува: „Браќа Македонци, чукна светиот час за одбрана на нашата татковина. Промената на името е крај за македонскиот народ! Промената на името е смрт и истребување за нашиот македонски народ! За мал народ како македонскиот, промената на името значи наше исчезнување како народ! Промената на името буквално значи културен холокауст и апокалипса за македонскиот народ“.

Од здруженијата упатија повик до, како што пишува, македонскиот народ, до сите организации, бранители, навивачки групи, членови на сите политички партии кои не се согласуваат со „националното предавство“, да му се придружат на протестот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1