Уапсен директорот на најголемата компанија за месо во светот


Бразилската полиција денеска го уапси извршниот директор на најголемата компанија во светот за преработка на месо „ЈБС“, осомничен за давање поткуп и за инсајдерско тргување заради профит од зделка, склучена претходно, оваа година.

Извршниот директор на „ЈБС“ Весли Батиста и неговиот брат Жоесли, поранешен шеф на компанијата, во мај склучиле договор со Обвинителството, во рамки на кое посведочиле дека оваа компанија платила поткуп на десетици политичари, вклучувајќи го и претседателот Мишел Темер. Претседателот ги отфрли таквите тврдења.

Весли беше приведен во Сао Паоло, а освен за поткуп се товари за инсајдерско тргување со акции на компанијата и невообичаено купување долари, кои донеле огромен профит на компанијата.

Налог за притвор е издаден и за Жоесли, иако тој е во истражен затвор од неделата, откако самиот се предаде по објавувањето дека наводно скрил информации за време на давањето исказ при постигнувањето договор со Обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1