Полицијата уапсила еден од петтемина осомничени за упадот во Собранието на 27-ми април минатата година кои се во бегство. Станува збор за Младен Додевски, за кого е распишана и меѓународна потерница.
Интерпол на 4-ти јануари распиша потерница за Младен Додевски и за Никола Митревски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски. Сите се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија и за тешки насилства во Собранието на 27-ми април 2017-та.
Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.