Уапсен градоначалникот на Загреб поради сомнение за корупција


Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ уапсен е денеска после пладне пренесуваат хрватските медиуми од извори блиски до полицијата.

Освен Бандиќ уапсени се и претседателот на Службата на Загребскиот холдинг Слободан Љубичиќ и ко-сопственикот на „C.I.O.S. групацијата“ (C.I.O.S. d.o.o. собирање и преработка на индустриски отпад и домашна и меѓународна трговија)  Петар Припуз. Неофицијално дознаваат  дека тројката се наоѓа во просториите на полицискиот УСКОК (Уред за сузбивање на корупција и организиран криминал).bandic_stozer1_573700S1

После повеќе месечни сложени криминалистички истражувања поврзани за незаконско постапување во Градот Загреб и Загребскиот холдинг д.о.о кое го спроведоа Дирекцијата за полиција и Националниот полициски УСКОК, а кои се координирани од страна на Државното обвинителство на РХ и УСКОК, приведени се повеќе лица.

Во однос на приведените лица ќе се спроведат одредени доказни постапки и тие ќе бидат предадени на притворскиот надзорник. Кривична пријава поради основно сомневање на направени поголем број корумпирани казнени дела, злоупотреба на службената должност и тргување со влијанието, ќе бидат поднесени до Канцеларијата за борба против корупцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1