Полицијата во Лондон соопшти дека уапсила 35-годишен маж кој е осомничен дека го хакирал налогот на ICloud на Пипа Мидлтон, и дека украл 3.000 фотографии.
Британскиот таблоид „Сан“ вчера беше контактиран од страна на хакер кој понудил да им ги продаде фотографиите за најмалку 50.000 фунти.
Хакерот рекол дека поседува околу 3.000 фотографии од 33-годишната Пипа и од нејзиниот свршеник Џејмс Метјуз, како и од принцот Вилијам и сопругата Кејт и нивните деца принцот Џорџ и принцезата Шарлот.