Актерот Кирил Поп Христов Кили вчера попладнето бил уапсен во неговиот стан во Скопје.
Како што дознава Курир, по извршените претреси било пронајдено кај него поголемо количество на дрога, а во подрумските простории полицијата открила цела плантажа каде се произведувала марихуана.
Неофицијално биле пронајдени околу 80 саксии со марихуана.
По неговиот брат кој исто така е осомничен за нелегално производство на марихуана се уште се трага.
Детали од Министерството за внатрешни работи се очекуваат за подоцна.