Осомничениот за закана на семејството на премиерот Александар Вучиќ М.Р. (28) од Сивца кај Кулата, од претходно им бил познат на полициајта, а осуден е поради кражба на возила и нанесување на тешки телесни повреди.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, во координација со Обвинителството за високотехнолошки криминал, го уапсија М.Р. осомничен дека на социјалната мрежа Фејсбук, во вид на коментар на сајтот на еден од дневните весници, упатил закани кон членовите на семејството на претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ.
Во моментите на претрес, извршен по наредба на Високиот суд во Белград, полицијата кај осомничениот пронајде мобилен телефон, со кој М.Р. пристапил на социјалната мрежа Фејсбук, под псведонимот „Дете Партизан“ и преку тој профил упатил закани.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава во законски рок, ќе биде приведен до надлежното обвинителство.
Да потсетиме, на прашањето за заканите кон неговата ќерка и кон него преку интернет, Александар Вучиќ денеска во Собранието на Србија изјави:
„Прилично е тешко за мене. Мојот син веќе дозна за ова, тој е веќе момче, сака да ја брани сестричката, ја знаете целата мака, како тоа изгледа. Болни луѓе има насекаде, не можам да го изговорам тоа што некои го напишале, рекле. Ако можете да замислите како е да некој изговори некоја таква страшна работа. Да некој ви ја пцуе мртвата малолетна ќерка, притоа мојата е жива и здрава, во трето одделение, каков психопат може да го каже тоа? Се работи за хилиган кој својата сексуална наклоност ја покажува на дете, па тоа како да не му било доволно па морал и да го убие детето за да покаже каков маж е“, изјави Вучиќ.