Уапсен после 48 години бегство од затвор бидејќи сакал пензија


Направил само една мала грешка – барањето го потпишал со своето вистинско име – Боб Стаковиц.

Боб Стаковиц е уапсен 1966 како 21 годишен поради разбојништво и поради тоа е осуден на 17 години затвор во американската држава Џорџија. После две години робија Боб успеал да побегне од затворот во 1968 година.uapsen

Но правдата сепак ќе биде задоволена и Боб Стаковиц, денеска 71 годишен, ќе мора да одлежи уште 15 години затвор и тоа поради својата непромисленост. Полицијата одамна се откажала од потрагата по него.

После бегството од затвор го променил името во Боб Гордон, живеејќи мирно во гратче недалеку од родното место во државата Конектикат.

Кога дошло време за пензија, Боб Гордон напишал барање за пензија.

Направил само една “мала“ грешка – барањето го потпишал со своето вистинско име. Утредента полицијата се појавила на неговата врата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1