Познат активист на СДСМ со пиштол му се заканувал на полицаец. Околу 14 часот и 20 минути на ул. „Наум Наумовски-Борче“, пред кафулето „Круг“, одејќи кон работа, полициски службеник бил пресретнат од џип БМВ X5 сребрена боја, со скопски таблички управуван од лицето Б. Г. (1978). Како совозач бил Д. Т.(1975), пишува порталот Пресс24.
Според информациите кои ги објавува Пресс24, во тој момент, еден од сопатниците вперил пиштол кон полицискиот службеник и му се заканувал по живот, го навредувал по што си заминале.
-По примената дојава од полицискиот службеник, пред кафулето „Круг“ пристигнал Алфа тим и во самото кафуле го затекнале Б.Г со кожна ташна преку рамо во која при прегледот е пронајден пиштол непозната марка, црна боја, метален, со пластична рамка без куршуми и без дозвола и одобрение. Истиот има одлежано казна затвор за убиство во обид, кој по нападот беше во кома 2 месеци, пишува порталот.
За кратко време е пронајден и познатиот активист на СДСМ , вработен во општина Центар во паркинг службата. Откако биле препознаени од полицаецот, двете лица од страна на Алфите се приведени во полициска станица Центар, поради недозволено носење и поседување на огнено оружје согласно член 80 од законот за оружје и поради упатување на сериозна закана кон полицискиот службеник кој одел на работа.