Уапсен првиот осомничен за сексуалните напади на Нова година во Келн


Германската полиција денеска уапси еден 26-годишен Алжирец, кој е осомничен дека извршил сексуален напад за време на Новогодишната ноќ во Келн.

Германските медиуми наведуваат дека Алжирецот е првиот уапсен под обвинение за извршен сексуален напад врз жена за време на прославата на Новата година во Келн.keln-voznemiruvacko-video-640x374

Келнското Јавно обвинителство информира дека Алжирецот, кој бил барател на азил, е уапсен во еден дом во кој се сместени бегалци во местото Керпен, во близината на Келн.

Портпаролот на Јавното обвинителство на Келн, Улрих Бремер соопшти дека пријави за напади и сексулано малтретирање во текот на Новодишната ноќ поднеле 497 жени. Меѓу нив има и три пријави за силување,

Упасениот Алжирец, покрај за сексуално насилство врз една жена, е осомничен и за кражба на нејзиниот мобилен телефон.

Во врска со нападите во Келн досега се покренати обвиненија против 21 лице, но тие не се товарат за сексуално насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1