Уапсен Сириец во бегалски камп, член е на ИД


Сириец осомничен за соработка со Исламската држава бил уапсен во близина на Дортмунд во покраината Западна рајна Вестфалија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Германски полициски сили го уапсиле Лаит Дахам ал – Деири познат под името „Благајник“ во кампот за бегалци во градот Уна.siriec-terorist-id

Ал Деири е осомничен дека работел како специјалист за парични трансакции за „Исламската држава“ а германските служби го идентификувале откако негова фотографија била објавена на социјалните мрежи од страна на активисти, противници на Исламската држава.

Осомничениот во Германија пристигнал пред три недели заедно со неговата сестра и зет откако бил сместен како бегалец во центарот во Уна. Германските медиуми пренесуваат изјави на неименувани извори во бегалскиот камп кои што тврдат дека по апсењето била пребарана куќата во која што тој престојувал.

Веднаш по апсењето германсото обвинителство започнала официјална истрага за поврзаноста на Ал Деири со ИД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1