Уапсен скопјанец – бил припадник на ИД во Сирија


Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода С.Ф.(23) од Скопје кој се бараше од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Република Македонија

На пријавениот од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор.Screenshot_107

Според сознанијата пријавениот бил припадник на ИД во Сирија пролетта годинава. Истиот е и претходно познат сторител на насилни имотни кривични дела.

Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција “Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации.

Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на Република Македонија или пак оствариле обид за тоа.

Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1