Уапсен сопственикот на леарницата каде се правеа дел од спомениците на „Скопје 2014“


Миодраг Јеремиќ, основач и косопственик на уметничката ливница „Јеремиќ”, каде се правеа дел од спомениците од проектот Скопје 2014, е уапсен вчера поради злоупотреби во српската фабрика за лекови „Галеника“, на која и продавал скулптури дури 20 пати поскапо од реалната цена.

jeremic7Покрај Јеремиќ, уапсени се уште седуммина негови соработници под обвинение дека ја оштетиле оваа компанија за околу 12 милиони евра. Меѓу уапсените се и поранешниот генерален директор на „Галеника“ Ненад Огњеновиќ, поранешниот генерален директор на „Велефарм“ Драгољуб Вучичевиќ, Радосав Секулиќ од „Хабит груп“, поранешниот помошник генерален директор на „Галеника“ Горан Орлиќ, бизнисменот Драган Павловиќ, како и сопственикот на „Унихемком“ Жељко Јововиќ.

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ и тужителот за организиран криминал Миљко Радисављевиќ на конференцијата за новинарите соопштија дека со повеќекратно зголемување на цените при набавката на суровини за производство на лекови, но и при купување на скулптури, осомничените ја оштетиле „Галеника“ за 12 милиони евра.

Од таа сума, повеќе од два милиони евра „Галеника“ потрошила на 12 скулптури, а најскапата чинела дури 650.000 евра и се уште стои во леарницата затоа што е проценето дека нема никаква уметничка вредност. Цените на други скулптури биле зголемени и за 20 пати во однос на реалните.

<

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1