Уапсен србин – терал насила мигрант да му продаде бубрег за 6.000 евра


Србин, водач на криминална група во Шпанија е уапсен во таа земја откако се обидел од сиромашен мигрант да купи бубрег за 6000 евра, притоа заканувајќи му се дека ќе го убие ако не се согласи.

Водачот на кланот базиран околу плажите во близина на Тарагона на североистокот од Шпанија, сакал да го купи бубрегот за неговиот возрасен син кој имал болни бубрези, пренесува АФП.bubreg

-Планот е откриен за време на истрагата на овој спрски клан кој се занимава со кражби во Шпанија и Германија, изјави шефот на шпанската полиција Игнасио Косидо.

За време на истрагата полицајците откриле дека членовите на бандата го натерале средовечниот марокански мигрант без лични документи, аа им го даде бубрегот.

За време нa медицинското тестирање, мигрантот се премислил, па членовите на бандата го заробиле и го тепале, информираше полицијата.

На крајот Мароканецот се согласил да се оперира откако му се заканиле дека ќе го убијат.organ-trafficking

Шпанската полиција поради овој случај го уапси водачот на бандата и неговиот син, како и уште тројца други луѓе и ги обвини за трговија со човечки органи.

Во врска со кражбите, уапсени се 48 луѓе, обвинети дека ангажирале деца да влегуваат во куќите на богати луќе и да крадат накит и пари.

Во Шпанија во март, 14 европски земји го потпишаа првиот историски меѓународен договор за борба против трговијата со човечки органи. Трговијата со органи секоја година носи по околу 1,2 милијарди нелегален профит ширум светот, покажуваат податоците на Советот на Европа.
Светската здравствена организација проценува дека на светскиот црн пазар се вршат речиси 10 илјади трансплантации секоја година.

Ова апсење е само втор пријавен случај за обид за трговија со човечки органи во Шпанија. Но, властите многу сериозно го сфатија овој случај оти во Шпанија се вршат најголем број трансплантации споредено со другите земји.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1