Француската полиција во неделата привела таксист осомничен за подготовка на нов терористички напад, информира денеска радио „Европа 1“.
Осомничениот бил приведен во северниот француски град Суси ан Бри, во областа Ил де Франс, откако по сторен сообраќаен прекршок полицијата го запрела неговото возило на проверка.
Во телефонот на таксистот биле пронајдени снимки и други материјали, што имаат допирни точки со групата Исламска држава. При претресот на неговиот стан биле пронајден и експлозив, информира радио станицата.
Други француски медиуми наведуваат дека станува збор за четири прачки динамит од 100 грама, детонатори и украдени лични документи. Украдени пасоши и сообраќајни дозволи имало и во самото возило.
Извори на француските медиуми споменуваат и за „документи што даваат основаност да се претпостави дека таксистот е човек со радикални ставови“.
Францускиот министер за правда Жан-Жак Јурвоас, кој денеска гостуваше во програмата на истото радио, одби да даде коментар за случајот со таксистот. Тој, меѓутоа, истакна дека „тоа што се случи повторно покажува колку временски блиски може да бидат два терористички напади“.
Министерот соопшти дека во моментов во Франција „под истрага се 285 лица, кои стекнале оскуство во борбите во Сирија“.