Уапсен тетовчанец кој се заканувал со видео порака на Фејсбук


Жител од тетовското село Брвеница бил уапсен вчера бидејќи објавил на Фејсбук видео со заканувачка содржина.

Полицијата околу 19.50 часот на улицата Тодор Циповски- Мерџан во Тетово го уапсиле Ж.Г.(46) од село Брвеница кој истиот ден околу 15 часот објавил видео клип со заканувачка содржина.

Ж.Г. бил задржан во ПС Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1