Основното јавно обвинителство – Скопје издало наредба за истражна постапка на едно лице поради сомнеж дека сторило свирепо убиство.
Лицето се сомничи дека е одговорно за пожарот на ливада кај селото Љуботен на 4 август годинава, по чие гаснење е пронајдено изгорено човечко тело. Жртвата била жена.
По издадените наредби од страна на надлежен јавен обвинител, жртвата е идентификувана. Станува збор за жена за која постојат сомненија дека е лишена од живот на свиреп начин. Согласно Кривичниот законик, за ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Осомниченото лице е приведено и обвинителството за него побарало притвор од 30 дена.