Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари, информираат од Основното јавно обвинителство.
Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан.
-Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите на државата, соопштуваат од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Охрид ги презема сите потребни дејствија за кои јавноста благовремено ќе биде информирана.