Уапсена благајничка во Институтот за белодробни заболувања во Скопје, проневерила 70.000 евра?


Благајничка на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје, 51-годишната Л.Н., е уапсена поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „Проневера во службата“ и е одреден 30-дневен притвор, јави Прес 24.mito lekar

Според порталот, по дојавата од менаџментот на Институтот дека се сомневаат во висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите, Финансиската полиција извршила детална контрола на книговодсвената документација и на жиросметката со која располага Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје, при што констатирала дека на сметката на Институтот фалат околу 70.000 евра, пари од уплатената партиципација од пациентите.

Благајничката од средината на 2010 година, па сè до нејзиното апсење, во континуитет, паричните средства наплатени од пациентите на Институтот кои и биле предавани од шалтерските работници, наместо да ги уплати на банкарската сметка,си ги трошела за себе овозможувајќи си притоа луксузен живот.

Финансиската полиција ќе го испитува и периодот кога таа работела како шалтерски работник и имала директен контакт со парите на пациентите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1