Сите полицајци од градот Отоклан во мексиканската држава Халиско е разоружана во вторникот и приведена, соопшти единствената команда на полициските сили на државата и на локалното обвинителство.
Како причина се наведуваат сомневањата за пенетрација на криминални елементи меѓу полицајците, пренесе во средата сајтот “Информадор” (Informador), цитиран од РИА-Новости.
Уапсените ќе минат низ детална проверка во Гвадалахара. Потоа ќе биде донесена одлука дали ќе можат да продолжат со работа или ќе бидат отпуштени.
Град Отоклан стана тажно познат во март 2015 година, кога вооружени бандити извршија добро подготвено напад врз патрола на неодамна создадената жандармерија на Мексико.
Тогаш загинаа 11 лица, меѓу кои и петмина жандарми. При тоа беа повредени и 8 војници. По инцидентот беа уапсени четворица локални полицајци, кои би можеле да бидат поврзани со напаѓачите