Уапсени 60 турски бизнисмени во Русија


Шеесет турски бизнисмени денеска се изведени пред суд во Москва, откако синоќа биле уапсени по учество на агроиндустриски саем.

Според турските медиуми, московски суд одлучил тие да останат во притвор 10 дена, а потоа да бидат екстрадирани.apsenje lisici policija

Станува збор за 60 бизнисмени од 22 турски компании. Еден од приведените изјавил за Си-Ен-Ен Турк дека досега можеле да учествуваат на саеми само со туристички визи.

Руските власти го образложиле ваквиот потег, наведувајќи дека туристичката виза не е доволна за нивниот престој во Москва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1