Седумчлена криминална група , од Панчево е уапсена денеска поради сомнение дека на подрачјето на Србија и Молдавија се занимавале со трговија на жени. Тие сексуално ги искористувале и ги пренесувале во земјите на Европската Унија.
Уапсените Саша А. (42) Ненад К. Л. (36), Љубица А. (33), Зоран Д. (47), од Белград, како и Саша И. (39), Зоран Ж. (32) и Драган К. (37) од Панчево, поради постоење сомнение се обвинети дека сториле кривично дело за трговија со луѓе.
Целата криминална група, трговијата со жени ја вршеле во периодот од јуни, јули и август годинава.
Полицијата се сомнева дека последен пат на крајот на август годинава, на подрачјето на Молдавија, се обиделе да пренесат државјанка од Молдавија, на териоторијата на Србија, а потоа и во земјите од Европската Унија.
Се сомневаат дека криминалната група интезивно работи на подготовка на илегално внесување на уште најмалку две девојки на територијата на Србија, исто така државјанки на Молдавија.
Обвинетите се лишени од слобода додека девојките се згрижени и со нив ќе се постапи на начин на кој што тоа го дозволуваат законите во Србија, наменети за жртвите со трговија на луѓе.