Уапсени екс-пратеник на СДСМ, познати бизнисмени и вработени во Министерството за одбрана


Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес со роднините и директорот на компанијата Сувенир Самоков се меѓу уапсените во големата полициска акција утрово за криминал тежок 2,5 милиони долари. Според веќе објавените информации, тие преку голем број во странство и нерезидентни сметки го оштетиле буџетот за 2,5 милиони долари, пишува Пресс24.mvr-apsenje

Нелко Менкиновски порано важеше за близок соработник на Владо Бучковски додека тој беше министер за одбрана. Во истото време работеше и во истото министерство. Неговото име е меѓу осудените во аферата Тенковски делови каде доби 2 години затвор во првостепената постапка, а Аплација казната му ја намали на условно.

Ванчо Георгиев, поранешен пратеник од редовите на Собранието од СДСМ и сопственик на фирмата Деликатес со која во деведесетите финансираше и кошаркарски клуб од Кочани, со кој два пати беше вицешампион во македонската кошаркарска лига. Георгиев во моментов работи во градежниот бизнис. Покрај Геориев, уапсени се и членови на неговото семјество.
Меѓу познатите бизнисмени кои се сомничат за перење пари е и директорот на Сувенир Самоков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1