Неколку тинејџери го тргнале македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово и на негово место кренале знаме на Република Албанија.
Според очевидци, момчињата биле забележани од полициски инспектори, кои успејале да фатат двајца од нив, а едниот побегнал. Веднаш било повикано засилување од СВР Куманово и двајцата биле приведени во полицијата.
Инцидиентот се случил во 16 часот пред зградата на хотел Кристал, пред очите на голем број на кумановци кои се враќале од работа или шетале по Градскиот плоштад.
Кумановоњус