Уапсени маж и жена кои сакале да украдат прерано родено бебе од болница


31 годишен маж и 25 годишна жена се обиделе да издејствуваат од персоналот на болница во централен Лондон, да им го дадат прерано роденото бебе за кое тврделе дека е нивно и дека било родено на 1 март во друга болница. Покажале испринтана фотографија од интернет од бебето во инкубатор и барале да го земат од нео-наталниот оддел. Но медицинскиот персонал се посомневал.bebe3

Медицинскиот персонал проверил дали жената навистина се породила во другата лондонска болница на 1 март, и не нашле никаков податок за нешто такво. Ја повикале полицијата.

Полицајците веднаш пристигнале и ги уапсиле мажот и жената под сомнение за конспирација со цел да киднапираат бебе.

Тие се ослободени со кауција под услов да не се доближат до ниту една болница, освен ако се работи за итна медицинска потреба.

– Постапката на медицинскиот персонал од болницата во централен Лондон, проверките кои ги направиле и брзиот одговор на полицијата со апсењето на двојката, превенираа нешто што можеше да биде ужасен и застрашувачки инцидент – изјави инспекторот Пол Кларк – пренесе Дејли меил.

Истрагата е во тек, а на двојката која се обиде да киднапира бебе ќе и се суди кон средината на април.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1