Уапсени муслимани мигранти поради убиство на 12 христијани – ги фрлиле од брод


На пловило со кое мигранти тргнале од северот на Африка кон Италија, дојде до караница на верска основа.

По караница на верска основа на брод, муслимански бегалци фрлиле 12 бегалци со католичка вероисповед во море.migranti brod

Италијанската полиција во Палермо уапси 15 мигранти, осомничени дека фрлиле и на тој начин убиле христијански бегалци. Меѓу 15-те уапсени бегалци се наоѓа и еден малолетник.

На пловилото со кое мигрантите од северна Африка пловеле кон Италија, дојде до караница на верска основа и муслиманите, државјани на Сенегал, Мали и Брегот на Слоновата коска, фрлиле во море други лица.

Италијанскиот министер за правда, Андреа Орландо, реши да ги уапси бидејќи немилиот инцидент се случил во меѓународни води.

– Тоа е страшно. Ако се потврди дека е точно тоа дека во теснецот покрај Сицилија е направено злосторство поради верски причини, тоа фрла ново светло на доаѓањето на мигрантите, вели Франческо Ло Вои, главен обвинител на Палермо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1