Британската полиција уапси 660 лица осомничени за педофилија, меѓу кои има наставници, лекари и социјални работници. Апсењата се извршени во рамките на шестмесечната операција, која е без преседан во земјата, соопшти Националната агенција за борба против криминалот.
Операцијата беше насочена кон луѓе кои гледале недолични снимки со деца на интернет. Некои од уапсените ќе бидат обвинети за сексуална злоупотреба. Операцијата била извршена од 46 полициски екипи во целата земја и помогнала во заштитата на 431 дете, кои биле следени на педофилската група.
Уапсените се на возраст од 30 до 50 години. Од 660 уапсени лица, 39 веќе и се познати на полицијата поради злосторства од сексуален карактер. Во текот на операцијата се претресени 833 објекти и се проверени над 9.100 компјутери, телефони и хард-дискови.