Уапсени осомничени соучесници во масакрот


Француските власти уапсија неколку осомничени соучесници поврзани со ќелија што ги спровела синоќешните терористички напади во Париз. Во меѓувреме извори блиски на истрагата откриле дека двајца од азилантите „мошне веројатно“ влегле во Европа преку Грција како бегалциSpecial forces after the seige in Toulouse came to an end

„Мошне е веројатно дека и втор осомничен исто така поминал низ Грција. Истрагата продолжува“, рекол еден од изворите за Ројтерс.

Според францускиот телевизиски канал иТеле, уапсено е најмалку едно лице поврзано со оние што учествуваа во нападите во Париз.

Во меѓувреме Фигаро објави дека таткото и братот на еден од бомбашите-самоубијци во Батаклон се притворени. Полицијата го пребарала домот на таткото на напаѓачот во малиот град Ромији-сур-Сен, околу 130 километри од Париз. Тие исто така го пребарале и станот на братот на напаѓачот, во околниот град Бондуфл, рекол извор за Франс прес.

Парискиот обвинител Франсоа Молин претходно најави дека властите веќе идентификувале неколку од терористите што учествувале во нападите во петокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1