Уапсени тројца градоначалници на Кочани


Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите претходници Николчо Илијев ОД СДСМ  и Ратко Димитровски од ВМРО- ДПМНЕ вечерва се приведени во врска со трагедијата во дискотеката Пулс.

Информацијата е потврдена од извори во МВР, а од Јавното обвинителство соопштија дека во тек е акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност која ќе трае во текот на ноќта.

Истражните органи влегоа во општината завчера и, како што соопштија, подигнале огромна документација во врска со дискотеката Пулс, која почнала со работа во 2012 година, кога градоначалник беше Ратко Димитровски. Првата лиценца ја добила во 2021 година, во време на мандатот на Илијев, втората во 2023 во време на Папазов, а претходната 2024 година работела со фалсификувана лиценца.

Со тројцата екс градоначалници бројот на осомничени во врска со случајот со пожарот во дискотеката Пулс, се искачи на 31.

Тројца се во болница, 7-мина началници и полициски службеници се во притвор, а на останатите меѓу кои и екс-министерот за економија Бектеши им тече вториот краткотраен притвор.

Николчо Илијев од редовите на СДСМ беше градоначалник од 2017 до 2021 година. Претходно прв човек на Кочани беше Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со два мандата (2009-2017). Љупчо Папазов од ВМРО- ДПМНЕ поднесе оставка во понеделникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1