Виктор Божиновски, висок функционер на СДСМ и десна рака на градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц на социјалните мрежи се пофали дека 100-те илјади евра кои беа потрошени за деловни ручеци, впрочем не се трошеле единствено на тој начин.
Ова е пораката која тој му ја пратил на актерот Тони Михајловски во која тој му кажува дека дел од парите отишле и за шмркање, пренесува ЗаСе.мк.
Божиновски е поранешен директор на ЈП Водовод Куманово поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски кој со своето незаконско и недомаќинско работење во јавното претпријатие успеал да потроши во кафеани неверојатни 6.030.469 денари или близу 100.000 евра.
Исто така, Божиновски како директор на ЈП Водовод Куманово во периодот од 2010, 2011 и 2012 година не ги наплатувал побарувачките од 5 угостителски објекти во Куманово по основ на потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, туку ги компензирал со обемни ручеци и седенки со своите пријатели и соработници.
Божиновски го остави ЈП „Водовод“ од Куманово во долг од 130 милиони денари во однос на снабдувачи и на судски пресуди. Дури 50 милиони денари изнесувал долгот кон „Водостопанство“ од Куманово, претпријатие, кое морало да го потврди долгот по пат на тужба и на судска пресуда.
Токму долговите и неисплатените обврски на ЈП Водовод се главната причина зошто Куманово остануваше без вода за пиење во летните периоди.
Сето ова беше толерирано од градоначалникот Зоран Дамјановски, кој воедно му е и кумашин, и со обзир дека наместо тргање од општината тој од Дамјановски беше награден со раководно место во правниот сектор на општината.
Министерството за внатрешни работи вчера го уапси Божиновски за примање на поткуп во висина од 1.000 евра за да посредува за поништување на решение за легализација на дивоградба.