Уапсените терористи од Монпеље планирале напад врз Ајфеловата кула


Двете млади лица уапсени во петокот во францускиот град Монпеље, пред истражните органи потврдија дека планирале извршат терористички напад.

Томас С. и Сара З. како потенцијални цели за нивниот напад ги посочиле Ајфеловата кула во Париз, но исто така и војници во јужниот дел на Франција.ajfelova bomba 2

Дваесетгодишниот Томас С. и неговата 16-годишна девојка Сара З. чија одредена мерка притовор исткува утре изутрина, беа уапсени во петокот во регионот на Монтпеље заедно со уште еден осомничен.

– Тие велат дека сакале да ја нападнат Ајфеловата кула за да остават впечаток. Тие, исто така зборуваа и за некои други цели, како што се воени цели во јужниот дел на Франција. Но, мора да останеме внимателни, нивните изјави се менуваа во текот на распитот. Прецизен план и датум за нападот не откривме во оваа фаза од истрагата, изјави извор од истрагата за неделникот „Л’Експрес“.

Проверката на нивните телефони покажала дека тие преку интернет пребарувале места во регионот на Париз кои имаат симболично значење.

– Се чини дека се не било многу јасно во нивните умови. Тие како да барале цел за тогаш кога ќе се чувствуваат подготвени за напад, изјави полицискиот извор.

При претресот на нивниот дом не е пронајдено оружје, но се откриени неколку супстанции од кои може да се направи експлозив.

Сара З., која медиуммите ја опишуваат како „многу радикализира”, го прифатила Исламот на 14-годишна возраст. Таа пред полицијата изјавила дека сакала да замине во Сирија, а дека Томас се подготвувал за самоубиствен напад за „да и го обезбеди статусот на вдовица на маченик“.

Таа неодамна објавила видео на социјалната мрежа Телеграма, во кое му изразува верност на „Исламскиот Калифат”, што го прогласи организацијата Исламска држава на териториите под нејзина контрола во Сирија и Ирак и ја потврдува својата намера „да изврши напад во Париз“.

Третиот осомничен, кој е уапсен заедно со нив, е на возраст од 33 години и веќе бил осуден за кражба и трговија со дрога. Младата двојка него го нарекува „старател“ за планот за нивната верска свадба, но полицијата се уште ја проверува точната улога на овој човек во нивните планови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1