Уапсено лице со потекло од Црна Гора – поврзано со нападите во Париз


Германските медиуми денеска соопштуваат дека полицијата во четвртокот уапсила едно лице, по потекло од Црна Гора, за кое постои сомнение дека бил поврзан извршителите на терористичките напади и оти има индиции дека бил на пат кон Париз.

pariz police

Тоа дека уапсениот бил на пат кон Париз, надлежните баварски власти не сакале и официјално да го потврдат, соопштуваат германските медиуми, наведувајќи дека во возилото на ова лице полицијата пронашла повеќе пиштоли, револвер, муниција, автоматско оружје, како и неколку килограми ТНТ, пренесува Танјуг.

Уапсениот возел по автопатот Салцбург-Минхен и кај Бад Фајлнбах бил запрен, а при детален преглед на возилото, полицијата утврдила дека постои еден профисионално направен бункер, каде било пронајдено оружјето.

Осомничениот потоа бил уапсен, а според материјалот кој бил запленет, постојат индиции дека бил на пат кон Париз, пишуваат германските медиуми. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1