Убавата Словенка откри зошто се вљубила во Трамп


Сопругата на Доналд Трамп Меланија даде за телевизијата Eм-си-ен-би-си едно од ретките интервјуа во текот на кое зборувала за нејзиниот живот пред Доналд, нејзиниот брак и моменталната политичка кампања на нејзиниот сопруг.

Меланија во 1996 година пристигнала во Америка од родната Словенија, а денес е во можност да стане прва дама на САД.Melania_Trump_2011

Интервјуто се одржало во нивниот дом, а Меланија нагласила дека во моментот се обидува да живее нормален живот и покрај големото медиумско внимание што го следи нејзиниот сопруг, но и нивниот деветгодишен син Барон.

Кога ја прашале што е тоа што ја привлекло кај Доналд, таа рекла дека веднаш се вљубила во неговиот неверојатен ум. Посебно истакнала дека двајцата во бракот се многу самостојни, но си пружаат несебична поддршка еден на друг.

– Имаме одличен однос и многу сме самостојни. Никој никого не се обидува да го промени – рекла убавата Меланија, која смета дека е добар пример за сите оние коишто доаѓаат во Америк, бидејќи и самата емигрирала во 1996 година од Словенија.
– Никогаш не сум сакала да останам во Америка без документи. Се придржував на законот, а сметам дека сите би требало со тоа да се водат – рекла таа.tramp

Во интервјуто Меланија ги објаснила и ставовите на својот сопруг по прашањето за Мексиканците, муслиманите и сите илегални мигранти коишто во моментот се наоѓаат во САД.

Сепак, како што таа вели, нема секогаш ист став како Доналд и нема проблем да му го покаже своето несогласување.

– Понекогаш го сослушува моето мислење, понекогаш не – објаснила таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1