Авганистанката Ајша Мохамадазаи на која и се отсечени носот и ушите бидејќи се обидела да побегне од присилниот брак во кој била малтретирана. Фотографијата со нејзиното уништено лице го обиколи светот.
Ајша живее во САД каде направи пластична операција со која и е реконструирано лицето.
– Секој ден бев злоупотребувана од страна на сопругот и неговото семејство, вели Ајша.
Раскажала дека постојано размислувала за бегство. Еден ден побегнала, но ја фатиле и ја сместиле во затвор на пет месеци по што судијата пресудил да се врати кај својот сопруг.
Таа ноќ ме одведоа во планините. Не знаев што се случува. Ми ги врзаа рацете и нозете. Таму имаше уште луѓе, талибанци. Ми рекоа дека како казна мора да ми ги отсечат носот и ушите, и тоа и го сторија, раскажува Ајша.
Покрај ова нејзино страшно искуство таа им порачува на жените со сличен проблем навреме да реагираат и консултираат со надлежните органи и нокогаш да не се откажуваат.