Убиен српски боксер кој се заканувал на шведскиот монарх со слики од оргии – си ја снимил смртта


Поранешниот српски боксер и сопственик на стриптиз бар во Стокхолм, Миле Марковиќ, кој вчеравечер беше убиен во автомобил, можеби самиот ја снимал сопствената смрт, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

mile-markovic-foto-printscreen-yt-1390552069-433391Автомобилот бил паркиран во близина на неговиот стан, при што повеќемина соседи изјавиле дека виделе кога Марковиќ монтирал видео-камери за набљудување на фасадата на зградата. Една од камерите била насочена да снима кон автомобилот во кој Марковиќ бил убиен со четири куршуми во главата.

Дин Раушер, еден од авторите на биографијата на Миле Марковиќ, вели за шведскиот весник „Експресен“ дека Марковиќ ги инсталирал камерите кај влезот на зградата поради заканите против него и неговото семејство. Полицијата го пронашла Марковиќ мртов во автомобилот, а според изјави на очевидци, убиецот избегал со бело возило.

Убиството било професионално изведено, според полициски извори Марковиќ беше во центарот на вниманието на светската јавност во 2011 година кога тврдеше дека поседува компромитирачки фотографии и снимки на шведскиот крал Карло Густав Шеснаесетти на оргии со млади девојки во стриптиз клуб во Стокхолм.

Марковиќ е роден во Крагуевац. Освен српско државјанство поседувал и шведско, а досега неколку пати бил во затвор, поради различни кривични дела. Се товари и за незаконско поседување оружје, наркотици, малтретирање. Бил осудуван за уцена, а и за затајување данок од 700.000 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1