Мисот на Хондурас, 19 годишната Мариа Хосе Алварадо и нејзината сестра Софија Тринидад(23) се пронајдени мртви, соопштија властите.
Двете жени исчезнале во четвртокот, откако си заминале од роденденска забава, исчезнаа неколку дена пред да отпатуваат за Лондон на избор за Мис на светот
Полицијата испитала четири лица, меѓу кои и момчето на Марија Алварадо, по нејзиното исчезнување.
Телата на двете девојки биле пронајдени во селото Каблоталес, покрај реката Агуанга, соопшти полицијата
Мисицата на Хондурас последен пат е видена минатиот четврток како влегува во возило по роденденска прослава во својот роден град Санта Барбара, на западот од земјата.
„Дејли мејл“ наведува дека телата се пронајдени само неколку часа откако се уапсени Плутарсо Антонио Руис, момчето на сестрата Софија и уште едно лице кое ја организирало роденденската прослава, под сомнение за киднапирање.