Убиениот словачки новинар Куциак открил врски на италијанската мафија со луѓе блиски до премиерот Фицо


Убиениот словачки новинар Јан Куциак дошол до сознанија за врски на претставници на Владата на Словачка со калабриската мафија Ндрангета, објави денеска братиславскиот портал „Актуалити.ск“.

Според истаржувњата на Куциак, Ндрангета воспоставила контакт со Марија Трошкова, помошничка на словачкиот премиер Роберт Фицо и со секретарот на Државниот совет за безбедност, Вилијам Јасан.

Благодарение на тие врски, мафијашите регистрирале фирми во Словачка и можеле да вршат големи финансиски малверзации со пари од фондовите на ЕУ, тврди „Актуалити.ск“, портал каде беше вработен Куциак и воглавно пишуваше за случаи на затајување данок.

Куциак и неговата пријателка Мартина Кушнирова беа пронајдени мртви во неделата во неговиот дом во Велка Мача, недалеку од Братислава.

Шефот на словачката полиција Тибор Гашпар информирајќи за смртта на Куциак изјави дека убиството најверојатно е поврзано со неговите истражувачки активности.

Словачкиот премиер Фицо одби да ги коментира информациите изнесни денеска во „Актуалити.ск“.

– Вие поврзавте невини луѓе со двојното убиство без никакви докази. Не го правете тоа, изјави Фицо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1